Амбасадата на Македонија во Тирана Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, вчеравечер се одржа книжевна вечер со поетесата, преведувач и антрополог Наташа Сарџоска. Наташа е автор чија дела се преведени на повеќе од 25 јазици, вклучувајќи го и албанскиот. Преку интервју и разговор со публиката, таа го пренесе блесокот на македонската литература, соопшти Амбасада на РСМ. На настанот присуствуваше и вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а водителка на интервјуто со писателката беше директорката на КИЦ Тирана – Ема Попивода. Наташа исто така прочита и дел од својата поезија на македонски јазик. Со интензивна емоција, која ја трогна публиката, познатата уметница Наташа Бега прочита превод на нејзината поезија на албански јазик.