Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, присуствуваше на настанот „Традиции што нè поврзуваат: Градејќи ја иднината заедно“. Оваа активност е дел од програмата „Суперучилишта“, иницијатива на земјите од Западен Балкан која има за цел да ги зближи младите, да ги поврзе надвор од границите и да создаде трајни пријателства. Настанот се одржа во Средното училиште за угостителство и туризам „Јосип Броз Тито“.
Лимани нагласи дека размените меѓу младите претставуваат важна инвестиција во нивната иднина и клуч за задржување на младите во регионот.




