На струшкото крајбрежје, само една плажа располага со обучени и лиценцирани спасители за отворени води. Како што потврдува секретарот на општинската организација на Црвениот крст во Струга, Адуриме Даути, интересот од страната на концесионерите е минимален.
На недавната обука за спасители на отворени води, која Црвениот крст во Струга ја организира секоја година, годинава само две лица успеаја да завршат и да добијат соодветен сертификат. Инаку, струшкиот Црвен крст располага со осум спасители, обучени во претходните години.
„Интересот од концесионерите е речиси непостоечки. Во моментов, само еден концесионер ангажира четворица спасители на отворени води. Апелирам до концесионерите да ги опремат плажите со спасители. Тоа е важно за безбедноста на капачите и за подобрување на туризмот во регионот“, истакна Даути.
Тој додаде дека потребата за спасители на вода е очигледна и нагласи дека навремените интервенции во минатото значително придонеле да нема несреќни случаи.
И лани, само една плажа имала четворица спасители на вода, додека концесионерите на другите капалишта го игнорираа ова прашање.




