Левица: Божиновска е еклатантен пример зошто се залагаме за укинување на двојното државјанство за највисоките функционери

Изјавата на министерката за енергетика Сања Божиновска дека има “бугарско национално самознание”. Неколку работи се симтоматични во случајот со бугарското државјанство:

Таа првично изјави дека не знаела дали има потпишано изјава за бугарска самосвест, туку тоа го правеле адвокати посредници. Бурјум, нејзин личен потпис. Или министерката не знаела што потпишува?!

Божиновска изјави дека поднесла барање за откажување на бугарското државјанство. Барањето за откажување е поднесено дури во септември 2023 година, само 5 месеци пред да стане член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ?! Ако Божиновска има бугарски пасош заради “економски причини” како што тврди – тогаш зошто не побарала откажување веднаш штом добила чешко државјанство? Јасно е дека Божиновска воопшто немала намера да се откаже од бугарското државјанство и бугарската самосвест, се додека не станала член на органите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Мицкоски до Спасовски: Привилегија е професионалец како Божиновска да биде во владата, таа е поголема Македонка од сите вас заедно

Божиновска до ден денес нема дадено одговор дали Бугарија официјално го има прифатено нејзиното барање за откажување од државјанство. Тоа значи дека при нејзиниот избор за министер на владата не навела дека уште има бугарско државјанство (што е скандалозно) затоа што легитимно прашање е кога највисоки функционери имаат државјанство од друга држава – за интересите на која држава  ќе работат тие?!

Божиновска е еклатантен пример зошто Левица се залага за укинување на двојното државјанство на највисоките функционери и зошто сите други партии во нивните редови поставуваат лица за кои не се знае чии национални интереси бранат!

ПП Левица

- Реклама -