Летните попусти во клиниката „Жан Митрев“ продолжуваат до 31 август

Периодот по летните одмори е одлична прилика за спроведување на превентивни прегледи. Многу здравствени состојби можат да се идентификуваат навреме, што може да помогне да се избегнат посериозни симптоми. Редовните контроли се клучен чекор кон чување на здравјето, а раната дијагноза значително ја зголемува шансата за успешно третирање.

Во овој период од годината, особено се препорачуваат дерматолошки прегледи. По неколкумесечна изложеност на сонце, важно е професионално да се проценат бемките, пигментните промени и целокупната состојба на кожата. Исто така, високите температури можат да го оптоваруваат кардиоваскуларниот систем, па затоа кардиолошките прегледи се важни, особено за лица со покачен крвен притисок или срцеви заболувања.

Покрај овие услуги, летната промотивна понуда вклучува и лабораториски анализи, кои претставуваат добра основа за редовно следење на здравјето по годишните одмори. Овие прегледи вклучуваат и офталмолошки испити, магнетна резонанца, мамографски прегледи, како и други специјалистички и дијагностички услуги. На овој начин, пациентите можат на едно место да извршат повеќе превентивни контролни прегледи и да ја започнат есента со поголема сигурност за своето здравје.

„Превенцијата не смее да се одложува. Многу заболувања можат успешно да се третираат ако се откријат навреме, а редовните здравствени контроли се клучен дел од грижата за здравјето. Последните недели од летото се идеална прилика за реализирање на прегледите кои многумина планирале, но ги одложиле поради секојдневните обврски“, велат од Клиника Жан Митрев.

Летните попусти важат до 31 август, а термини можат да се закажат преку контакт-центарот или онлајн.