Ленгле ќе отсутствува две месеци.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Клемент Ленгле, поради повреда нема да биде активен во следните два месеца, јавува „Марка“.

Ленгле се повреди за време на натпреварот од Купот против Атлетико Балеарес (3:2), кога ја напушти играта само по 10 минути.

Клубот не соопшти колку време точно ќе биде отсутен од терените.

„Ленгле доживеа тешко истегнување на медијалниот колатерален лигамент, при што не беа утврдени придружни повреди. Ова беше потврдено од медицинскиот тим по тестовите што беа направени, вклучувајќи магнетна резонанса и дополнителна евалуација во четвртокот. Неговата состојба ќе се следи за понатамошни информации“, стои во известувањето на Атлетико.

Францускиот фудбалер оваа сезона одигра 12 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања.

Атлетико Мадрид се наоѓа на четвртото место на табелата во шпанското првенство со 34 бода и во недела ќе гостува во Џирона во рамките на 17-то коло.