Лавров: Иран има право на збогатување на ураниум
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изрази уверување дека Иран има неотуѓиво право да го збогатува ураниумот. Тој потврди дека Москва е подготвена да асистира во решавањето на прашањата поврзани со иранската нуклеарна програма. Според Лавров, улогата на Русија може да се реализира на различни начини, вклучувајќи ја преработката на високо збогатен ураниум во ураниум за гориво, како и префрлањето на одредена количина ураниум во Русија.



