Искусниот шпански стратег Пабло Ласо ќе биде новиот тренер на Анадолу Ефес. Како што објавија од спортскиот портал „Баскетфул“, тој веќе договорил соработка на период од 18 месеци со клубот од Истанбул. Ласо треба да биде официјално промовиран по мечот на Ефес против Валенсија.
Двократниот освојувач на Евролигата неодамна остана без тренер по отстранувањето на Игор Кокошков, кој беше отпуштен по лошата серија резултати.
Според информациите, Ласо ќе ги следи случувањата во Валенсија, а потоа ќе се врати во Истанбул со составот, каде што ќе ги комплетира сите формалности за потпишувањето на договорот.
Договорот е составен така што двете страни можат да ја прекинат соработката на крајот на сезоната, доколку резултатите не бидат задоволителни за Ефес, за што спротивното значи дека Ласо би останал во Истанбул до летото 2027 година.
По 15 кола во Евролигата, Ефес има скор од 5-9 и се наоѓа во група од пет екипи со идентичен сооднос на победи и порази.
Фото/ depositphotos




