Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и на регионот

Косово, како што вели косовскиот премиер, веќе некое време е цел на хибридни напади, но последниот напад го опиша како „кинетичен напад“, велејќи дека тоа е обид да се стават граѓаните во витални услови

Косовскиот премиер Албин Курти денеска на прес-конференција во Владата на Косово рече дека експлозијата на каналот Ибар-Лепенец имала за цел да предизвика голема штета на косовската инфраструктура, пренесува „Косово онлајн“.

Косовскиот премиер Албин Курти / Фото: Принтскрин

Посочи дека доколку не се преземеле навремени мерки, експлозијата можела да предизвика далекусежни последици, со кои Косово би можело да стане без вода и струја дури и неколку недели.

„Се чини дека овој напад е сличен со масовните напади на Руската Федерација врз Украина и врз нејзината енергетска инфраструктура“,

рече тој.

Според него, Србија ги копира руските методи, со цел да му се закани на Косово и на регионот во целина.

Косово, како што вели Курти, веќе некое време е цел на хибридни напади, но последниот напад го опиша како „кинетичен напад“, велејќи дека тоа е обид да се стават граѓаните во витални услови.

„Целта е конечно да се стави населението без витални, во минимални услови за егзистенција и да се наштети на животот и безбедноста на граѓаните. Истовремено, имаме напади врз објектот на општина Звечан, а во исто време и во Украина“,

кажа Курти.

Курти покажа фотографија од некои воени амблеми, за кои рече дека се руски амблеми направени од косовската полиција на север. Тој изјави дека амблемите припаѓаат на специјализирани единици кои вршат специјални воени операции.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека обвинувањата дека Белград стои во заднина на нападите во Косово се невистинити, како и дека станува збор за голем и жесток обид за хибриден напад на земјата.

Вучиќ додаде и дека се подготвени за соработка со ЕУЛЕКС и КФОР за истрагата поврзана со експлозијата која се случи на 29 ноември вечерта во Зубин Поток, што предизвика сериозни оштетувања на каналот Ибар-Лепенец и предизвика голем прекин во водоснабдувањето.

- Реклама -