Кучер флертувал со Мадона

По доделувањето на Оскарите во неделата, Мадона и оваа година направи голема забава.

И додека во 2011 година забавата ја организираше заедно со Деми Мур, овој пат пејачката не ја ни поканила својата пријателка, но затоа се појавил нејзиниот поранешен сопруг, Ештон Кучер.

„Мадона сака да биде во близина на Ештон. Тој е забавен и  отворено флертува со неа. Мадона мисли дека тој е многу подобар актер од Деми Мур“, рекол за „Daily Mail“ извор близок на пејачката.

Kevin Mazur

Со оглед на тоа што Мадона и Деми во 2011 година беа домаќинки на заедничката забава, гостите се изненадија затоа што актерката не е поканета. Присутните биле уште пошокирани од додворувањето на Ештон.

„Флертуваа пред сите и играа цела ноќ. Нема сомнеж дека Мадона сега е на страната на Кучер“, рекол изворот.

- Реклама -