Костадинов – првата жртва на Чупеска во борбата за тотална контрола и воведување на ЛГБТ идеологијата во СДСМ

Чистка во СДСМ: Костадин Костадинов во Раката на Можеби

Во редовите на СДСМ започнаа првите чистки кон членовите кои не се во согласност со новата стратегија на партијата, наметната од блиските соработници на Ана Чупеска. Првиот на удар е градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Иако долго време важеше за фаворит во струмичката организација, Костадинов не се појави на листата со кандидати за нов мандат. Во овие нови услови, тој одлучи да не се кандидира, откако партијата почна да се движи кон, како што велат изворите од внатре, "агендата на Чупеска" – агресивна либерална политика која сѐ повеќе се обидува да го трансформира СДСМ во идеолошка копија на пропаднатите западни левичарски експерименти.

Прочитајте и:  Читачка на усни разоткри што изговорил Трамп по бурната реакција на публиката за време на НБА финалето.

Костадинов, кој претходно јавно ја замрзна својата партиска припаѓање, не сака да се врати во политичка формација која, според него, го изгубила допирот со реалноста и сопствениот народ. Наместо да биде повикан назад, тој беше прескокнат од раководството – што е прв знак на чистка на сите кои не се согласуваат со актуелната партиска линија.

СДСМ, која порано беше дом на луѓе со разнолики ставови и силни карактери, во последно време се трансформира во затворен идеолошки клуб, со јасно дефинирана агенда и без простор за различно размислување.

Политичкиот крај на Костадинов во рамките на СДСМ е само почеток. Кој е следен на ред?