Костадин Костадинов го обнови членството во СДСМ

Костадин Костадинов повторно активира членството во СДСМ

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека по подолг период на размислување и лична одлука, реши да го одмрзне своето членство во Социјалдемократската партија. Тоа членство беше замрзнато откако лидерот на партијата, Венко Филипче, не го предложи за нов мандат на локалните избори.

„По доволно време и после темелно размислување, одлучив да го обновам моето членство во СДСМ. Сакам јасно да истакнам дека останувам верен на сите мои претходни ставови и позиции поврзани со бројни прашања од јавен интерес. Овој чекор не значи дека ги менувам, туку напротив, ги потврдувам“, изјави Костадинов.

Тој дополнува дека во моментов не најавува активен ангажман, туку се ставува на располагање со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно. „Единството бара подавање рака, почитување на принципи и искрени разговори во име на секој социјалдемократ“, заклучи Костадинов.

Прочитајте и:  Василевска учествува на франкофонска конференција во Варшава