Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа втор триумф во претквалификациите за Евробаскет 2029. Во Даблин, Македонија ја победи Република Ирска со резултат 76:88 (27:20; 13:22; 22:19; 14:27).
Македонските кошаркари одиграа лоша прва четвртина, но вистински се разбудија во втората и завршија со одлична последна четвртина во натпреварот од второто коло на А групата.
Играчите на селекторот Марјан Илиевски влегоа тешко во натпреварот, при што по првите 10 минути имаа негатива од седум поени. На почетокот на вториот период, Ирска ја достигна највисоката предност од 31:20.
Меѓутоа, оваа дупка ги мотивираше македонските играчи, кои во продолжението направија исклучителна серија од 15:2 и го презедоа водството.
Во третиот период, двете репрезентации се менуваа во водство, но Ирска влезе во решавачката четвртина со предност од само еден поен.
Македонија го заврши натпреварот со серија од 18:5, остварувајќи ја втората победа и првата позиција во групата.
Андреј Јакимовски со 26 поени и Џејкоб Вајли со 20 поени беа најефикасни во редовите на Македонија.
Следниот натпревар за Македонија е закажан на 27 февруари 2026 година против Луксембург во Скопје.
Фото/ Кошаркарска федерација на Македонија




