Конференција за електронска трговија во Скопје – Trn.mk

Вештачката интелигенција веќе значително ја трансформира динамиката на дигиталниот бизнис. Деветтата Регионална конференција за е-трговија ќе се одржи на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, организирана од Асоцијацијата за е-трговија. Под мотото „Од чекање до акција: Е-трговија со брзина на AI!“, настанот ја симболизира големата технолошка промена и прелазот кон паметни системи кои обезбедуваат автоматизација и ефикасност за бизнисите.

Бизнисите мигрираат кон паметни AI системи

Концептот за оваа година симболизира промените што се одвиваат на глобално ниво. Индустријата преминува од бавни, мануелни процеси до системи поддржани од вештачка интелигенција, што донесува побрзи одлуки, автоматизација и подобра персонализација. Светлото во е-трговијата е веднаш зелено, а регионалниот пазар навлегува во нова ера на раст со неуспорена технологија.

Интересот за оваа конференција е рекорден уште од самиот старт на најавата. Првите 100 билети, понудени по посебна цена, беа распродадени за многу кратко време, а организаторите очекуваат ова да биде најзначајното и најпосетуваното издание досега во главниот град. Во изминатите години, овој настан стана еден од најзначајните регионални собири за дигитален бизнис.

Прочитајте и:  Ана и Игор Дурловски со оркестарот „Ајга“ приредуваат незаборавна вечер во чест на Охридското лето

На сцената ќе се соберат светски брендови и експерти

Конференцијата во Скопје ќе обедини повеќе од 900 учесници од повеќе од 10 земји од регионот и Европа. Меѓу присутните ќе бидат е-трговци, маркетинг професионалци, платформи, финтек компании, претставници на банки и логистички фирми. Досега, на сцената на оваа конференција говореле многу меѓународни експерти и професионалци од водечки компании како OpenAI, TikTok, Booking, Zalando, Alibaba, Meta, Google, Viber и Dolce & Gabbana.

Покрај главната програма, и годинава ќе биде организирана паралелна сцена со практични работилници на разни теми кои ќе придонесат за непосреден раст на бизнисите. Образовните сесии ќе бидат насочени кон конкретни дигитални алатки, AI решенија, маркетинг, аналитика и оптимизација на онлајн продажбата. Целта е учесниците да стекнат употребливи знаења и практични вештини кои веднаш ќе можат да ги применат во своето секојдневно работење.