На 11 и 12 декември 2025 година, Охрид и Република Македонија ќе бидат домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“.
Официјалното отворање на конференцијата ќе се одржи на 12 декември во 10:00 часот во хотел „Јуник“ во Охрид, каде ќе се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Планирани се и обраќања од страна на Магдалена Ландри, директорка на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, како и од министри, заменици-министри и преставници од земјите на ЈИЕ.
На оваа конференција ќе биде усвоена Охридската декларација со наслов „Одржливи културни модели за иднината“.
Република Македонија презеде претседателството со „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ во 2024 година за време на министерската конференција која се одржа во Херцег Нови, Црна Гора.




