Концертот на Јаков Јозиновиќ на 9 април во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ скоро целосно распродаден

Регионалната музичка сензација, Јаков Јозиновиќ, ја објави својата турнеја за 2026 година под името „Ја за чуда летим“, при што ќе им се придружи за прв пат и на публиката во Скопје – концертот е закажан за 9 април во Арена „Јане Сандански“!

Тој неодамна ги лансираше своите два први сингла, „Поље ружа“ и веќе популарниот хит „Ја волим“, кој само за малку повеќе од еден месец на YouTube собра скоро 11 милиони прегледи.

Со овие нови изданија, Јаков го означи почетокот на ново поглавје во својата музичка кариера, кое вклучува и обемна регионална турнеја која моментално е во тек, при што редовно ги полни салите во бившите југословенски простори. Во рамките на турнејата, тој ќе настапи во Арена Загреб, пет пати во Сава Центар во Белград, како и во Нови Сад, Риека, Сплит, Осијек, Љубљана, а секако и за големиот концерт во Скопје на 9 април во СЦ „Јане Сандански“.

Прочитајте и:  Цените на горивата во Словенија се предвидува да опаднат од вторник.

Еуфоријата околу оваа млада музичка ѕвезда е без преседан, а побарувачката за билети е огромна. Во Македонија, за концертот во Скопје веќе е распродадено над 70% од капацитетот на арената „Јане Сандански“, информираат организаторите.

Билети сè уште може да се набават онлајн.