Концерт на Раде Шербеџија – дел од зимскиот серијал музички настани во Битола – Вечер… 1963 година.

Центарот за култура во Битола го започна серијалот на музички настани со „Божиќен концерт“. Овие настани продолжуваат на 24 јануари, кога ќе настапи хрватскиот уметник и актер Раде Шербеџија.

– НУ Центар за култура – Битола, како добар домаќин за сите креативни проектни, продолжува со активностите од минатата година. На 24 јануари, наш гости ќе биде Раде Шербеџија, кој премиерно ќе изведе нова музичка композиција. Во февруари ќе следат концерти на Сефедин Бајрамов, групата „Чоканче“ и други уметници – изјави Сашо Илковски, директор на оваа национална установа.

Во пресрет на гостувањето во Битола, актерот Петар Мирчевски потсети на соработката со Шербеџија и на настапите во македонски филмови.

– Раде Шербеџија не е само уметник, туку и институција. Тој е генијален актер, режисер, писател, шансониер, професор, татко и дедо… и пред сè, тој е голем човек. Настапив со Раде во филмовите „Пред дождот“, „Анка“, „Трето полувреме“ и „Ослободување на Скопје“. Иако е обичен човек, за мене е идеал, што го прави неговото гостување во Битола особено значајно за културната јавност – истакна Мирчевски.

Раде Шербеџија и групата „Западни колодвор“ освен во Битола, ќе имаат настап и во Скопје, каде што ќе биде изведена музиката од албумот „Кога љубовта ќе умре“.