Концерт на Националниот Џез оркестар и студентите од Џез академијата во МНТ

Националниот Џез оркестар најавува специјален концерт, кој ќе се одржи на 8-ми октомври 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Овој уникатен настан ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

„Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој. Ве покануваме да бидете дел од оваа незаборавна вечер, која ќе ги слави џезот и младите уметници“ велат организаторите.

- Реклама -