Компанија има успешен бизнис со продажба на талог за кафе

Талогот од кафе е новото злато.

Компанијата за производство на производи за нега на кожата Frank Body успева да направи бизнис од продажбата на кафе како пилинг и очекува да генерира над 19 милиони долари од продажбата во текот на оваа година.

Со седиште во Австралија компанија е основана во 2013 година од петмина пријатели. Тие вложуваат вкупно 3 000 долари и успеваат да си ги вратат во рок од една недела.

bofr

Тајната на успехот на Fran Body се нарекува Instagram. Основачите решаваат да не се занимаваат со традиционалното рекламирање и наместо тоа стартуваат со кампања на социјалните медиуми, која не успева кај сите бизниси, но во нивниот случај е идеално за споделување и коментари. Стратегијата се покажува успешна, па Frank Body има над 664 000 следбеници на Instagram.

Компанијата дури има посебен профил Frank Feedback, каде што клиентите ги споделуваат нивните впечатоци од производите.

Прочитајте и:  Енормно поскапување на цената на кафетo на глобално ниво

 Во прва година Frank Body генерираат над 3 милиони долари од продажба. Втората година продажбата веќе достигнува 9 милиони долари. Оваа година Frank Body веќе има над 3 милиони долари продажба за првиот квартал. Австралиската финансиска година започнува на 1 јули.

Компанијата има 530 000 онлајн клиенти и планира да се прошири и во Русија и Дубаи. Нејзиниот оригинален  пилинг вклучува кафе, бадемово масло, вода, сол, кафеав шеќер, масло од портокал, витамин Е и природен вкус. Инспирацијата за создавање на компанијата е првата љубов на едниот од основачите Стив Раулу – неговите три кафулиња во Мелбурн.

“Многу жени доаѓаа и прашуваа за талогот од кафе”, вели Раул. “На почетокот не ми беше чудно, бидејќи знам дека луѓето го користат во градините, но овие жени сакаа да го користат на своите тела.”

Coffee-Scrubs

- Реклама -