Во Комисијата за финансии и буџет денеска продолжи дебатата по ребалансот на државниот буџет. Според владеачките партии, новиот ребаланс имплементира развојни мерки, е реален и ќе овозможи економски напредок и подобар животен стандард за граѓаните. Наспроти тоа, опозицијата изрази критики, истакнувајќи дека ребалансот потврдува дека претходните проекции за буџетот во 2026 година биле прекумерно оптимистички. Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека овој ребаланс е основан на…



