Кометата ПАНСТАРС видлива со голо око од Македонија

Овие денови, рано наутро, пред самото изгрејсонце на источниот хоризонт, можете да ја видите кометата C/2025 R3 (PANSTARRS). Во моментот е доволно сјајна за да ја набљудувате и со голо око, соопштуваат од Скопското астрономско друштво.

За да го направите успешно набљудувањето, клучно е да се оддалечите од светлината на градот. Изберете темна локација, слободна од светлосно „загадување“ и со јасен поглед кон исток. Избегнувајте места со планини, високи дрвја или згради кои можат да го попречат хоризонтот.

Како прва точка на ориентација, пронајдете го соѕвездието Пегаз, кое лесно се разликува по четирите ѕвезди што создаваат голем квадрат.

Потребно е да станете околу час и половина пред изгрејсонце. Иако кометата е видлива и со голо око, употребата на двоглед е многу препорачлива, бидејќи нуди многу појасен и подобар поглед.

Прочитајте и:  Словачката репрезентација располага со развиен систем

Членовите на Скопското астрономско друштво ви посакуваат ведро небо и успешен лов на комети!

Илустрација: Скопско астрономско друштво