Како правилно да чуваш маслиново масло
Експертите нагласуваат дека квалитетното маслиново масло треба да се чува на темно и ладно место, далеку од директна светлина и топлина. Овие фактори можат брзо да ја намалат неговата хранлива вредност поради оксидацијата.
Отвореното маслиново масло може да го задржи својот квалитет од 6 до 12 месеци, но за најдобри резултати и вкус, се препорачува да се употреби во рок од 2 до 3 месеци. По секоја употреба, важно е шишето да се затвори цврсто, за да се намали контактот со кислородот.
Кога станува збор за термичката обработка, маслиновото масло е соодветно за готвење, но екстра девственото масло е најдобро да се користи за подготовка на ладни салати или за краткотрајно готвење. Прекумерното загревање може да ги наруши антиоксидантите и да го промени вкусот на маслото. За пржење, спремно е рафинираното маслиново масло, кое има повисока точка на чадење.
Правилното чување и користење на маслиновото масло овозможува да се ужива во неговите бројни здравствени придобивки, како здравите масти и антиоксидантите.



