Возачот на Мекларен, Ландо Норис, уверува дека сè уште има шанси да се бори за титулата во шампионатот и очекува возачите на Мерцедес да му ја олеснат задачата.
– Се надевам дека имам сили да се натпреварувам за трофејот. Колку повеќе се натпреваруваат меѓусебно пилотите на Мерцедес, толку подобро за мене. И навистина е убава работа тоа што го гледаме. Кими Антонели е на својата втора сезона во Формула 1 и досега се справува одлично. Тој е одличен човек и моментално успева да покаже високи перформанси откако доби шанса во Ф1.
Имаше одлична серија во последните неколку трки – убаво е да се види дека успеа да задобие дополнителна брзина и сега редовно го предизвикува Џорџ Расел. Тоа е добра вест и за нас. Колку повеќе поени носат возачите на Мерцедес меѓусебно, толку подобро за нас. Периодот кој минатата година го поминав со Пјастри е сличен – конкуриравме и разменувавме бодови во борбата со Макс Верстапен. Се надевам дека сега работите ќе се одвиваат во наша корист, истакна Норис.
Британецот, со 25 поени, моментално е на петто место во генералниот поредок на Формула 1 шампионатот. Пред него се Антонели (72 поени), Расел (63), Шарл Леклер (Ферари, 49) и Луис Хамилтон (41).




