Kолку ќе чини сезонскиот билет за натпреварите на РК Вардар

РК Вардар ја објави цената за сезонскиот билет за натпреварувачката 2026/27, со кој навивачите ќе можат да ги следат домашните средби на „црвено-црните“ во три натпреварувања. Цената изнесува 4.500 денари, а во пакетот се вклучени натпреварите од Лигата на шампионите, домашното првенство и Регионалната лига.

Продажбата ќе стартува во наредните денови, откако клубот ќе ја финализира онлајн платформата. За средбите во СЦ „Јане Сандански“, сопствениците на сезонските билети ќе можат да изберат конкретно место во салата.

Вардар во „Јане Сандански“ ќе ги игра европските натпревари, како и најатрактивните домашни дуели, додека дел од натпреварите ќе се играат во салата „Расадник“, каде што нема да има нумерирани места. И во овој случај сезонската карта ќе обезбедува влез.

На почетокот билетите ќе се набавуваат само преку интернет, а клубот дополнително ќе информира доколку биде организирана и физичка продажба. По завршувањето на продажбата на сезонските карти, ќе следува и продажбата на билети за поединечните натпревари.