Кога СДС и ДУИ ќе издадат директива, ПР-службата копира и лепи во служба на криминалот

Кога СДС и ДУИ ќе издадат директива, а медиумите поврзани со Мечка и Филип П ќе ја пренесат со граматички грешки. „Османи му на Мицкоски…“ – што му? Му кимна? Му мавна? прашува пратеникот Бране Петрушевски на социјалните мрежи.

Тој истакнува дека недостасува зборот „одговори“, но тоа не ги спечи партиските портали на СДС и ДУИ да објават идентичен наслов со иста грешка, во разлики од неколку минути.

– Ова не е новинарство. Ова е копи-пејст од ПР-служба во служба на мафијата. Толку им е важно да го ублажат ударот од Мицкоски, што ниту запирка не ставија, ниту реченица завршија. Наместо вистински одговор на прашањата за криминалот, корупцијата и дипломатските срамоти, тие нудат автоматизирани вресоци од партиските портали. И дополнително мислат дека некој верува во тоа. Зарем не е јасно: Османи нема што да каже – па, затоа наместо со факти, испраќа нарачани медиумски фусноти. А тие, во типичен стил на СДС-ДУИ: полуписмено, без срам и без размислување, коментира Петрушевски.