Против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова се води постапка за најтешко кривично дело од областа на сообраќајот. Обвинителството ќе бара најстрога казна
Сообраќајната несреќа во којашто загина 22-годишната Фросина Кулакова била предизвикана со умисла. Обвинителството најавува дека ќе бара најстрога казна за 20-годишниот возач, кој според досегашните информации, возел без дозвола, под дејство на алкохол и со голема брзина по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на прес-конференција порача дека се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој настан.
„Од досегашните докази за Обвинителстото е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Затоа против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на сообраќајот. Постапката ќе биде ефикасна и обвинителството ќе бара најстрога казна“, рече Коцевски.
Линк до целата статија