Клоп не планира да соработува со Реал, без оглед на шпекулациите.

Реал Мадрид го шокираше фудбалскиот свет со одлуката да се раздели со тренерот Чаби Алонсо. На негово место, тимот го презеде Алваро Арбелоа, досегашниот тренер на Б-тимот.

Се чини дека многу работи во клубот не се движат во точната насока. Додека времето ќе донесе повеќе информации, евидентно е дека Алонсо не уживаше во поддршката од играчите, а и раководството не стоеше зад него.

Флорентино Перез одлучи да стави крај на соработката откако Реал доживеа пораз од Барселона во Суперкупот на Шпанија.

Првиот човек на клубот наводно е заинтересиран за Јирген Клоп. Поранешниот тренер, кој во последните 18 месеци не работи, сега има улога како директор на фудбалските операции во Ред Бул.

„Немам никаква намера да се враќам на тренерската позиција. Воопшто не ми недостигнува таа работа“, изјави Клоп, додавајќи дека не му фали напорната работа која вклучува интервјуа и прес-конференции.

„Не ми недостига стоењето на дожд, ни долгите часови на работа, ни постојаните прес-конференции. Имам играно многу натпревари и поминато време во соблекувалната, но не размислувам за тоа повторно, бидејќи тоа не е мојот свет. Постојат многу работи кои ми се допаѓаат во моментот“.

„Можеби во иднина ќе донесам одлука. Имам 58 години и не морам да журим. Сега сум посветен на проектот кој навистина го сакам, и ќе видиме што носи иднината“.

Фото/ depositphotos