Ќе се трудиме за одлична изведба и посакуван успех

Фудбалерите на Шкендија создаваат нова историја за клубот, станувајќи првиот македонски фудбалски тим што ќе учествува во европската пролет. Утревечер, од 21 часот, нашиот првак ќе го одигра првиот натпревар од 1/16 финале во УЕФА конференциската лига. Нивен противник ќе биде турската екипа Самсунспор.

Некако, предизвик за нас е тоа што противникот има нов тренер, што значи и промена на нивниот стил на игра. Сепак, треба да уживаме во фактот што во февруари се натпреваруваме на европска сцена. Ќе се стремиме кон добар резултат и квалитетна игра. Верувам дека Самсунспор е еден од поизгледните ривали и можеби само еден или два тима се поредовити од нив во овој турнир. Потребно е да се бориме, бидејќи наш интерес е да имаме што повеќе натпревари и да се претставиме на најдобар можен начин како македонска екипа во Европа. Се надевам дека ќе дадеме максимум, а трпението и борбата ќе бидат клучни, истакна тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, на прес-конференцијата.

Натпреварот Шкендија – Самсунспор ќе се одржи на Националната Арена „Тодор Проески“ и ќе започне во 21 часот.