„Сум разочаран од Путин. Ќе го намалам рокот за постигнување договор за Украина од 50 на помалку дена“, изјави Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, пренесе Ројтерс.
Агенцијата додава дека Трамп не прецизирал кој ќе биде новиот рок.
На 14 јули, за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, американскиот претседател изјави дека ако не се постигне прекин на огнот во војната во Украина во предвидениот рок, САД ќе воведат 100% царини за Русија.
„Ќе воведеме многу строгии царини ако не постигнеме договор во рок од 50 дена. Овие царини, кои би изнесувале околу 100%, можеме да ги наречеме секундарни“, истакна Трамп, нагласувајќи дека воведувањето на царините нема да бара согласност од Претставничкиот дом или Сенатот на САД.
Секундарните тарифи значат дека санкциите би важеле и за други земји, конкретно за оние кои купуваат руска нафта.




