Австралискиот тенисер Ник Кирјос објави дека ќе се повлече од турнирот во Вашингтон. Триесетгодишниот тенисер нема да настапи во сингл категоријата.
Дополнително, на турнирот во главниот град на САД, не ќе учествува ни Џордан Томпсон.
Нивните места во главниот жреб ќе бидат пополнети од Александар Ковачевиќ и Јошихито Нишиока.
Турнирот во Вашингтон е планиран да се одржи од 21 до 27 јули, со вкупен награден фонд од 2.4 милиони долари.




