Кипар од денес започнува да ја врши функцијата претседавач на Европската унија.

Од денес, во следните шест месеци, Кипар ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија од Данска. Кипарскиот претседател Никос Христодулидес истакна дека главните приоритети на ова претседателство ќе бидат зајакнување на стратешката автономија на ЕУ, со акцент на одбраната и безбедноста, енергетиката, конкурентноста, миграцијата, достапноста на домувањето, како и доближувањето на Унијата кон Блискиот Исток и Источниот Медитеран.

Клучните цели на претседателството вклучуваат поддршка за Украина, постигнување на договор за седумгодишниот буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година, како и дополнително проширување. Кипар ќе го спроведува својот шестмесечен мандат совесно и посветено, но и со „различен начин на размислување“, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, пренесувајќи важни моменти за британскиот весник Гардијан.

„Веруваме дека малите држави имаат што да понудат во вакви ситуации“, додаде Комбос.