Кина повторно воведе портокалово ниво на предупредување за дождовни бури.

Националната метеоролошка служба на Кина денеска повторно прогласи портокалово предупредување за опасност од дождовни бури, информираа кинеските медиуми.

Од денес до утре, обилни дождови се најавени за големи делови од земјата, вклучувајќи ги провинциите Цингхај, Гансу, Внатрешна Монголија, Шанси, Гуангдонг, Хонг Конг, Макао, Фуџијан, Јунан, како и Тајван, соопштија од Националната метеоролошка агенција.

Се предвидува дека во некои региони ќе паднат до 350 мм дожд, особено во Хебеј, Гуанси, Гуангдонг и источните крајбрежни провинции. Во одредени области, врнежи можат да достигнат до 88 мм на час, како и појави на грмотевици и силни ветрови.

Метеоролошката агенција апелира до локалните власти да преземат соодветни мерки, да ги проверат реките во градовите и околу земјоделското земјиште, и да бидат подготвени да реагираат при можни лизгања на земјиштето.