Кина издаде важни препораки за своите граѓани присутни во Израел и Иран, поради „сложената и сериозна“ безбедносна ситуација во овие земји. Државата ги советува своите жители во Израел да се подготват за можни напади со ракети и беспилотни летала.
Кинеската амбасада во Израел ги повика граѓаните да ги зајакнат своите безбедносни мерки, да избегнуваат непотребно патување или движење во близина на воени локации и чувствителни институции, бидејќи ситуацијата на терен е комплексна и загрижувачка.
„Останете смирени и внимателни,“ се вели во официјалното известување.




