Ким Кардашиан се отвори за нејзиниот брак со Канје Вест, велејќи дека таа се однесува со него како да е негов роденден секој ден.

Телевизиската реалити ѕвезда, која беше облечена во Balmain фустан изработен од јаже, зборуваше за нејзината свадба и посветеност кон раперот, со кој се омажи во Италија.

Говорејќи за прв пат јавно по големиот ден, 33-годишната Ким откри како двојката- позната како Кимје- си телефонираат постојано меѓу себе кога и да се раздалечени.


Ким за време на присусвувањето на забавата на фестивалот Cannes Lions во Франција, таа изјави: „Се чувствувам дека секогаш ќе бидеме во период на меден месец. Ние секогаш велиме дека сакаме да се третираме еден со друг како да ни е роденден. Секогаш се обидуваме да го направиме животот позабавен и попријатен колку што можеме.“

„Ние патуваме и работиме многу напорно, кога сме заедно- а кога сме одвоени, секогаш сме на телефон 24/7.“

Ќе видиме до кога ќе им треа оваа меден месец-фаза.



