Киев објави дека уништил клучен логистички пат на руските сили.

Украинската војска информираше дека синоќа извршила напад врз патниот мост над Геничкиот теснец, кој ја поврзува Азовското Море со заливот Сиваш на југот на Украина. Според податоците од Генералштабот на украинските вооружени сили, мостот играл клучна улога во воената логистика на руските сили, користејќи се за транспорт и снабдување помеѓу Крим и руските единици сместени во јужниот дел на фронтот. Украинските власти наведуваат дека нападот се одвивал по полноќ, но засега не се објавени конкретни детали за резултатите од акцијата.