Силно невреме и необично обилни врнежи од дожд вчера ја зафатија Кефалонија, грчкиот туристички остров. Лизгање на земјиштето и поплави беа присутни на многу места, а на патиштата имаше одрони и тони кал ги покрија улиците. Пожарникарите требаше да интервенираат за да ослободат родители со деца кои останаа заробени во своите автомобили.
Од друга страна, на островот Аморгос, кој се наоѓа во непосредна близина на Санторини, вонредна состојба е прогласена поради земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Училиштата се затворени, а за речиси 2 недели се забележани повеќе од 14.000 сеизмички активности.
Аморгос, кој има помалку од 2.000 постојани жители, се смета за помалку ранлив поради неговиот карпест терен и помалкута густата градба отколку Санторини.
Никос Зорзос, градоначалникот на Санторини во изјава за „Грик Репортер“ изрази свој оптимизам за ситуацијата и рече: „Ова е феномен што ќе заврши.Не може да трае вечно. Овие земјотреси ќе траат неколку дена, неколку недели, а потоа ќе престанат… Санторини ќе се врати како што беше“.