Кавадаречката болница добива ЕМГ-кабинет, нова дијагностичка услуга за пациентите

Кавадаречката болница ќе добие кабинет за електромиографија

„Електромиографијата (ЕМГ) е дијагностичка метода која го испитува функционирањето на периферните нерви и мускули, и игра клучна улога во идентификувањето на различни невролошки нарушувања“, објаснија од болницата во Кавадарци.

Очекувањата се дека кабинетот ќе започне со работа по 1 септември. На тој начин, како што истакнаа од јавната здравствена институција, пациентите од Кавадарци и околината ќе имаат можност да реализираат дел од потребната дијагностика во самата болница.

„Нашата посветеност кон унапредување на здравствените услуги продолжува. Работиме на модернизирање на дијагностиката и создавање подобри услови за нашите пациенти. Заедно работиме на градење болница која е поблиску до пациентите и нивните потреби“, нагласија од Кавадаречката болница.