„Денеска нашите стратешки партнери потврдија дека многу функционери на ДУИ се вмешани во корупција“, се огласи вечерва Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ и лидер на БЕСА и градоначалник на Тетово.
„САД го прогласија Артан Груби за персона нон-грата. Ова е уште еден доказ за она што постојано го зборувавме – дека ДУИ приредува шоу за да се спаси себе си во секоја прилика, и дека дури и со шаторите тие се обидуваат да ја скријат корупцијата а воопшто не им е грижа за Албанскиот јазик!
Сега, ќе постават ли ноќна стража и пред Американската амбасада во Скопје?!“, прашува Касами.