Кари во 2025 година остварил речиси сто милиони денари повеќе од Јокиќ

Стеф Кари, капитенот на Голден Стејт Вориорс, е највисоко платениот кошаркар во НБА за 2025 година.

Со заработка од 159,6 милиони долари, Кари е недвосмислен лидер на годишната листа на најдобро платени играчи.

Второто место му припаднува на Леброн Џејмс со 137,6 милиони.

На третата позиција се наоѓа Кевин Дурант, чии вкупни приходи за 2025 година изнесуваат 104,3 милиони долари, според податоците од магазинот „Форбс“.

Грчкиот суперстар Јанис Антетокунмпо е блиску до магичната граница од 100 милиони, со заработка од 99,1 милион. По него следуваат Џејсон Тејтум со 79,1 милион, Ентони Едвардс со 65,6 милиони, Џоел Ембиид со 65,2 милиони, Џими Батлер со 65,1 милион, Шеј Гилџис-Александер со 63,3 милиони и Никола Јокиќ со 63,2 милиони, кој ја затвора листата на десетте најплатени играчи во оваа најсила лига.

Забележително е што разликата помеѓу Кари и Јокиќ изнесува речиси сто милиони долари.

Foto/ depositphotos