Данило Божовиќ (-84 кг) се закити со златно одличје во сениорската конкуренција. Јована Мицовска (У21, -61 кг) се избори за сребрениот медал, додека Стефан Стојановиќ (+84 кг) освои бронза. Истото признание ја следи и Мицовска во сениорската категорија до 61 килограм. Викторија Јовановска се пласира на петтата позиција.
Во сениорското финале, повторно се сретнаа Божовиќ и Реџеп Рушити, како што беше и на последното Балканско првенство. Победата со резултат 2-0 повторно му припадна на каратистот од скопскиот клуб „Макпетрол“. Во категоријата постари јуниорки (У21), Јована Мицовска во борбата за златниот медал загуби од Амира Абулибде од Бугарија.
– Годината ја започнавме со втора активност веднаш на почетокот. Минатата недела, истиот тим учествуваше на Светската лига во Тбилиси, Грузија, а веќе следниот викенд ќе настапиме на најзначајниот европски турнир „Кроација Гранд При“ во Риека. За нас, како клуб, најважно беше да ја провериме формата на нашите репрезентативци и да ја темпираме за натпреварите. Тие на почетокот на февруари ќе заминат на Европското првенство во Лимасол, Кипар. Задоволни сме од прикажаните борби; сега останува да поправиме некои елементи и да бидеме подготвени за европското првенство – изјави тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски.




