Синоќа се одржа 28-то издание на една од најпознатите и најочекуваните манифестации кај нас – Златна бубамара на популарноста. На оваа престижна церемонија беа доделени вкупно 22 награди во различни категории, оддавајќи признание на најдобрите уметници, музичари и јавни личности.
Оваа година,Калиопи беше една од најголемите добитници,освојувајќи три награди – за најдобар поп концерт,најдобар албум и титулата пејачка на годината. Со два трофеи замина и легендарниот рок бенд Меморија, кој беше награден за најдобар рок концерт и најдобра рок група во 2024 година.
Во продолжение, ви ги претставуваме добитниците на престижните признанија:
- Најпопуларен оркестар за 2024 – Битолски камерен оркестар
- Најперспективна млада пејачка – Ана Петановска
- Најдобра театарска претстава за деца и младинци – „Роња“
- Награда за животно дело – Перо Христов
- Признание за трајни музички вредности – Дарио
- Јубилејна награда за 30 години – К-15
- Признание за трајни вредности во уметноста – Миро Масин
- Хит на годината – Некст Тајм & Слаткар со песната „Океани“
- Трајни музички вредности – Сузана Спасовска
- Спортска легенда – Илија Најдоски
- Амбасадор на македонската култура – Казухиро Котецу
- Најдобар етно концерт – Ансамбл Стефче Стојковски
- Поп концерт на годината – Калиопи
- Пејачка на годината – Калиопи
- Албум на годината – Калиопи
- Актерка на годината – Дарја Ризова
- Актер на годината – Ѓорѓи Јолевски
- Театарска претстава на годината – „12“
- Награда за животно дело – Муарем Сербезовски
- Писател на годината – Тихомир Јанчовски
- Рок група на годината – Меморија
- Рок концерт на годината – Меморија
Златна бубамара на популарноста и оваа година успеа да го задржи статусот на еден од најважните настани во македонската сцена, славејќи ги успехот и креативноста на домашните уметници.