Дигиталната валута ќе постои само во електронска форма, налик на криптовалутите, но со клучна разлика – зад неа стои државна централна банка. Засега, околу 50 централни банки ширум светот веќе работат на истражувања или тестираат пилот-проекти за ваков тип валута. Меѓу предводниците се Риксбанк од Шведска со нејзината е-круна и Централната банка на Бахамите со проектот „песочен долар“.
Дали ќе можете да ги чувате парите во телефон, без банка, а државата да ви ги гарантира?
Дигиталното евро – валута која нема да постои физички – полека, но сигурно, се приближува до своето остварување. Европската централна банка (ЕЦБ) веќе ги привршува подготовките, а Македонија внимателно следи. Според проценките, првите дигитални евра може да станат реалност до крајот на деценијава.
Според членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, очекувањата се дека до почетокот на следната година ќе бидат донесени сите потребни одлуки за да започне процесот на издавање на дигиталното евро.
– Се надевам дека сè ќе биде завршено до почетокот на следната година – и тоа што е можно порано. Потребно е првин да се донесе соодветна законска рамка, а потоа 2-3 години би биле доволни за лансирање на дигиталното евро – рече Чиполоне на конференција, одговарајќи на прашање за временската рамка на процесот.
Планот е оваа форма на централнобанкарски дигитални пари (CBDC) да стане дел од животот на граѓаните во еврозоната. Македонската народна банка (НБРМ) потврдува дека внимателно ги следи глобалните трендови и дека размислува за слична дигитална трансформација.
Иако Европската централна банка веќе неколку години работи на развој на дигитална верзија на еврото, напредокот се одвива побавно од првично очекуваното, главно поради недостиг на законска рамка која би ѝ овозможила на институцијата да преземе поодлучни чекори кон реализација на проектот.
Како ќе функционира дигиталното евро?
За разлика од постоечките модели на дигитални плаќања, како што се кредитните картички „Visa“ и „Mastercard“, дигиталното евро ќе им овозможи на корисниците да имаат директно побарување кон Европската централна банка, што значи дека средствата ќе бидат еднакво сигурни како готовината. Плаќањата ќе можат да се вршат директно, како онлајн, така и на физички продажни места.
Со оглед на сè поголемото користење дигитални методи за плаќање во Европа, ЕУ веќе презема мерки за да обезбеди транзицијата кон безготовинско општество да биде безбедна, непречена и ефикасна. И додека картичките и мобилните апликации стануваат сè почести, сега се појавува нова форма на дигитално плаќање: централнобанкарска дигитална валута.
Дигиталната валута, како концепт, ќе постои исклучиво во електронска форма – слично на криптовалутите, но со фундаментална разлика: таа е поддржана од централна банка. Во моментов, околу 50 централни банки во светот активно спроведуваат истражувања или пилот-проекти за вакви валути. Меѓу нив се и шведската Риксбанк со е-круната и Централната банка на Бахамите со таканаречениот „песочен долар“.
Повеќе ТУКА