Како да изградиш успешна кариера во технологијата: Практични совети и искуства

Women in Tech Macedonia заедно со Infinum ги повикуваат сите заинтересирани во полето на технологијата, младите програмери, оние кои размислуваат за промена на својата кариера, како и искусните професионалци во ИТ секторот, на настан кој нуди вечер полна со корисни совети, инспиративни приказни и насоки за успешно градење на кариера во ИТ светот. Овој настан, насловен „Како да изградиш успешна кариера во технологијата“, ќе се одржи во четврток, 22 мај.