Кафуле во Крива Паланка враќа пари за сообраќајни прекршоци!

Објавено е видео на социјалните мрежи во кое младата Лина Рангелова открива шокантни информации поврзани со објава на социјалната платформа од Select Caffe, локал кој, според нејзините зборови, фигурира во биографијата на актуелниот градоначалник на Крива Паланка како негова сопственост.

Во објавата на Select Caffe на Фејсбук се вели:

„Секој гостин на кој ќе му биде изречен сообраќаен прекршок, нека се пријави во Select и целосно ќе му биде рефундиран износот на казната.“

— Оваа објава е потполно неприфатлива. Ова е отворен повик за кршење на законите. Ако сакаме да бидеме искрени, ова е мито понудено уште пред почетокот на изборната кампања, вели Рангелова.

Пораката на социјалните мрежи, која директно нуди „рефундација на сообраќајни казни“ за посетителите на кафулето, не само што шокира, туку создава преседан со сериозни правни и етички последици.

— Вака тешко изгледа кога приватниот интерес на моќниците станува јавна политика. Како градоначалникот го спроведува законот во локалната самоуправа ако, преку семејното кафуле, поттикнува нарушување на истите? Ова е скандал. Ова е вресок против правната држава, додава таа.