За Боки 13 сите знаат каде се наоѓа во моментов, но знае ли некој каде е неговиот моден ангел чувар, Сергеј Варошлија? Емисијата на модниот гуру му заврши пред аферата „Рекет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните. Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа од разни локации, воглавном по Грција и грчките плажи.
Но, откако Боки 13 „падна“, Сергеј исчезна! И тоа преку ноќ! До душа во моментот на лишување од слобода на „Тредичи“ на граничниот премин Богородица, добро упатените тврдат дека Сергеј не бил со него во џипот, со кој Боки тргнал на грчкиот остров Миконос. Тоа ги подгрева теориите дека „другарчињата“ уште претходно ја „спукале“, како што тврдат поединци, иако оваа теза не е докажана!
Други пак велат дека Сергеј толку се потресол и исплашил, што бил на работ „да му пукне душата“… Што по другарчето, што заради себе, па решил едноставно да исчезне на некое време од јавниот живот.
Како што преку ноќ го снема и од социјалните мрежи, па неговите профили на Фејсбук и Инстаграм останаа „замрзнати“ без нови објави уште од почетокот на јули! Нема нови постови, фотографии, коментари… Нема ништо освен временска празнина!
На местата каде што обично можел претходно да се забележи повеќе не се појавува, на јавни собири уште помалку, па сето тоа наведува на уште една помисла: Каде е, дали и зошто воопшто се крие модниот гуру?