Јирген Клоп нема да го преземе водството во Рома

Агентот на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, Марк Косике, ги одби гласините кои се појавија во бројни светски медиуми за неговиот клиент. Овие тврдења беа објавени во италијанскиот весник Ла Стампа, кој утрово наведуваше дека Клоп има склучен договор со Рома за замена на Клаудио Раниери. Раниери во моментот е на функцијата привремен тренер, а по завршувањето на тековната сезона, тој би требало да биде советник на римската екипа и ќе учествува во процесот на избор на нов тренер.