ЈП Комунална хигиена во текот на една недела исчисти 5.000 контејнери и 90.000 канти.

„Предпријатието продолжува со постојано одржување на чистотата на јавните и сообраќајните површини кои се во надлежност на Градот Скопје. Секој ден се изведува рачно и машинско метење на најфреквентните детали – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија, како и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централниот дел на градот, како и Старата скопска чаршија“, информира ЈП Комунална хигиена.