Јокиќ со 42 поени ја сруши Оклахома

Кошаркарите на Денвер нагетс направија голем „брејк“ на стартот од полуфиналната серија во Западната конференција откако на гостински терен ја совладаа Оклахома со резултат 121-119 и поведоа со 1-0 во серијата.

Ова беше пресметка на двајцата водечки кандидати за МВП наградата оваа сезона, Шеј Гилџес-Александер и Никола Јокиќ, а како победник излезе српскиот ас кој ја предводеше својата екипа до триумф.

Иако Оклахома имаше водство од 10 поени на полувремето (60:50), Денвер успеа да се врати во игра до почетокот на последната четвртина кога заостануваше со само пет поени (90-85). Домашниот тим ја одржуваше предноста до самиот финиш, но Нагетси направија серија од 8-0 и јго одведоа натпреварот во драматична завршница.

Прво Јокиќ погоди две слободни фрлања за -1, па Гилџес-Александер со лесен влез врати на +3 за Оклахома. По тајм-аутот на Денвер, фаулиран беше Гордон кој беше прецизен од линијата за слободни фрлања. Потоа Хоумгрен промаши два пати од линијата, а во следниот напад Гордон погоди тројка која им донесе водство, а на крајот и пбеда. Последниот напад на Тандер заврши без реализација.

Никола Јокиќ мечот го заврши со неверојатни 42 поени, 22 скока и 6 асистенции, додека Арон Гордон уфрли 22 поени и додаде 14 скока. Кај Оклахома, Гилџес-Александер беше најдобар со 33 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Втората пресметка е закажана за ноќта меѓу среда и четврток, повторно во Оклахома.