Јоаким Лев ќе го наследи Пикси?!

Untitled design – 1


Иако првично се најавуваше дека селекторот Драган Стојковиќ-Пикси ќе остане на клупата, сепак сега ситуацијата изгледа е поинаква, а српска „Репбулика“ го најавува и првиот фаворит за негов наследник.

Наводно, Пикси може да биде наследен од човекот кој и донесе светска титула на Германија од Мундијалот во 2014 година, Јоаким Лев. Преговорите според информациите веќе започнале во Берлин.

Се споменуваа и српските стратези: Славиша Јокановиќ, Владимир Ивиќ, Вељко Пауновиќ и Саво Милошевиќ, меѓутоа во ФСС сакале новиот селектор да биде странец.

Останува да видиме дали ваквите најави ќе се остварат, пред се Пикси прво треба и официјално да замине од селекторската позиција и тоа се уште никој не го потврдил.

- Реклама -