
Први јануари 2019 година (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на Законот за празниците.
Неработен ќе биде и 2. јануари (среда), но за вработените во јавната администрација, одлучи Владата на Република Македонија на денешната седница. Од Владата препорачаа истото да важи и во приватниот сектор.
![358288[1]](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/3582881-640x360.jpg)



